Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Законот за основното образование (,, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19, 229/20 и 3/25) и од Правлиникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и изборот на образовен/личен асистент, одобрените согласности за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука бр. 12-7828/2 од 10.06.2025 година
Основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на определено работно време на 116 образовни асистенти - извршители на македонски наставен јазик во одделенска/предметна настава за ученици со попреченост во основното образование.
Се објавува јавен оглас за вработување на сто и шеснаесет ( 116 ) образовни асистенти - извршители на македонски наставен јазик во одделенска/предметна настава кои ќе бидат вработени на определено работно време во учебната 2025/2026 година за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Карбинци.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена состојба за работното место,
- Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
- Да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право,
- Со правослина пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
- Да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружило образовна асистенција.
Посебни услови:
Образовниот асистент може да биде лице кое се стекнало со звање:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, наставник по одделенска настава, односно лице кое ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник по предметна настава со завршено образование и со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA ниво) или завршено најмалку високо образование со треање од 4 години (најмалку VII/1 степен).
Доколку на јавниот оглас за вработување не се јави лице кое е со стекнато звање од ставот 1 на овој член, образовен асистент може да биде и лице кое се стекнало со најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA ниво) или завршена најмалку високо образование со трање од четири години (најмалку VII/1 степен).
Општи работни компетенции на образовни асистенти:
- Непосредна подршка на учениците со попреченост,
- Соработка со наставниците
- Соработка со родителите/старателите
- Соработка со стручните соработници од основното училиште и стручните соработиници од основното училиште со ресурсен центар
- Распоред на работното време:
- Работни денови: понеделник – петок
- Работно време: 07:00-13:00ч – 12:00-18:00ч
- Работни часови: 40ч неделно
Основен надоместок на образовниот асистент: Нето плата 37.000,00 денари.
Времетраењето на работниот однос за кој се вработува образовниот асистент е на определено време за учебната 2025/2026 година.
- Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба
- CV/Кратка биографија
- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
- Диплома за завршено соодветно образование
- Уверение за државјанство
- Извод од матична книга на родени,
- Потврда од суд дека против лицето не се води кривична постапка или е осуден за кривично дело
- Потврда од суд - дека не му е одземено родителско право
- Лекарско уверение
Огласот трае 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето, документите се доставуват лично и по пошта до архивата на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес улица Кресненско востание бр.4 Велес, пошенски број 1400 Општина Велес, со назнака „јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуват во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите ќе го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар. Во селекцијата за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со комисијата. Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред почетокот на учебната година, од соодветни обучени тренери.
НАПОМЕНА: Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ Велес