social image
[ЗА НАС]

Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ – Велес е деветгодишно училиште со основна дејност воспитно-образовна дејност за деца со посебни образовни потреби, во кое наставата се изведува на Македонски јазик.
[НАСТАВА]

Воспитно образовната работа во училиштето се изведува во три смени. Задолжителната настава се изведува во две смени, претпладне и попладне, додека третата или ноќна смена е за екстерните ученици сместени во Ученичкиот дом.
[АКТИВНОСТИ]

Наставниот процес се изведува во согласност со Наставниот план и Програма на Министерството за образование на Р.С.Македонија, Бирото за развој на образованието и плановите и програмите на училиштето.
ОУРЦ "МАЦА ОВЧАРОВА" ВЕЛЕС
ЧЕКОРИМЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ
Нашето училиште нуди образовен и рехабилитационен третман на деца со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирани пречки во развојот, како и ресурсна логопедска дејност за корективен третман на ученици логопати кои имаат потешкотии во говорот и говорното изразување.

Во секојдневната работа, учениците се опфатени од специјални едукатори и рехабилитатори и стручните соработници: 2 логопеди, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор. Во склоп на секојдневната настава, вклучен е и негувател кој се грижи за базичните потреби на учениците.
НАШАТА МИСИЈА
,,Стимулативно – инспиративна училишна средина за наставниот кадар, учениците и родителите која обезбедува квалитетен воспитно - образовен третман на учениците со ПОП.“
НАШАТА ВИЗИЈА
Основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓеорѓиева Овчарова“ ќе прерасне во современа регионална воспитно – образовна институција, која ќе ги поттикнува развојните потенцијали на учениците со попреченост и ќе ги оспособи за инклузиран и самостоен живот во општествената средина.
НАШЕТО МОТО
„Училиште за еднакви можности, успех и напредок за секое дете“
Комплетно опремена просторија за физикална терапија
27.4.2023
Како новина во нашето училиште сега имаме просторија целосно опремена за физикална терапија
Види детали
[АКТИВНОСТИ]
 
Наставниот процес се изведува во согласност со Наставниот план и Програма на Министерството за образование на Р.С.Македонија, Бирото за развој на образованието и плановите и програмите на училиштето, врз основа на кои се организираат активностите. Види повеќе...
Oдбележување на Еразмус денови со видео проекција ... 23.11.2022 Продолжуваме со одбележување на Еразмус денови со видео проекција во нашето училиште, како промоција на проектот „Моите ... Види детали
Десеминација од проектот "Нови пристапи - подобри ... 23.11.2022 Во изминатите денови во просториите на Оурц Маца Овчарова се одржа десеминација од мобилноста од проектот "Нови пристапи... Види детали
"Нови пристапи - подобри резултати" - проект спров... 23.11.2022 Во периодот од 19-23.09.2022г. претставници од Оурц Маца Овчарова учествуваа на мобилност од проектот "Нови пристапи - п... Види детали
Види ги сите нови блог статии