Посета на Институцијата „MAPADI“ Павоа де Варзим, Португалија и размена на искуства

Во периодот од 13-19 јуни, претставници од ПОУ "Маца Овчарова", благодарение на програмата "Еразмус+" на Националната агенција за европски програми, беа во посета на Република Португалија, конкретно во градот Повоа де Варзим, во кој успешно функционира Институцијата "МАПАДИ" во која се образуваат, воспитуваат и оспособуваат за самостоен живот, лица со попреченост. Освен посетата на училиштето, учесниците беа срдечно примени и во Општината, каде беа разменети скромни подароци карактеристични за општините Велес и Повоа де Варзим и притоа, се запознаа со дел од големото културно наследство на оваа земја,начинот на функционирање на образовниот систем, прифаќањето на лицата со попреченост и нивното вклучување во општествениот живот.

Огромна благодарност до домаќините и организацијата која ни ја овозможи оваа студиска посета. Се надеваме дека искуството кое го стекнавме што поскоро ќе успееме да го имплементираме и во нашата секојдневна работа.

Галерија