"Нови пристапи - подобри резултати" - проект спроведен преку посета на месноста Abruzzo - Италија

Во периодот од 19-23.09.2022г. претставници од Оурц Маца Овчарова учествуваа на мобилност од проектот "Нови пристапи - подобри резултати" преку Ерасмус + програмата на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во месноста Abruzzo - Италија, каде извршија посета на 4 редовни училишта во различни градови, каде беа спроведени неколку работилници и состаноци со координатори на образовни асистенти. Целта на мобилноста беше да се добијат информации на кој начин функционираат училиштата каде веќе 40 години постои тотална инклузија.

Галерија