СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!

Почитувани ученици и родители,
Со нетрпение ги очекуваме вашите насмеани и ведри лица, заедно со нас да го започнеме стартот на новата учебна година кој почнува во среда на 01.09.2021 година. И оваа учебна година, како и претходната, учењето и играта можат да бидат забавни и кога се придржуваме до мерките за превенција и заштита од корона вирус Ковид19. Да ги почитуваме правилата и да се заштитиме самите, да го заштитиме нашето семејство како и околината која не опкружува.

  • Во 7.30 часот во претпладневна смена започнуваат со настава учениците од одделенска настава ( I, II, III, IV и V одделение).

  • Во 12.30 часот во попладневна смена започнуваат со настава учениците од предметна настава (VI, VII, VIII, IX одделение).

Ве очекуваме на 01.09.2021, среда, да ја започнеме успешно новата учебна година , да испишуваме нова страница, полна со смеа, игра, забава, другарство и љубов.