ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ И ЗАШТИТА ОД СТРАНА НА ОО ЦРВЕН КРСТ - ВЕЛЕС

Општинската организација на Црвениот крст- Велес, во рамките на своите активности, како дел од кампањата "Биди и ти херој во твоето училиште", денес во просториите на ОУРЦ "Маца Овчарова" за вработените во училиштето одржа обука за прва помош и заштита. Обуката беше реализирана од страна на д-р Владо Хаџинаумов, волонтер на ОО ЦК Велес.
Од голема корист за сите вработени беше да се обноват знаењата од оваа област.
Голема благодарност до нашите соработници од ОО Црвен Крст - Велес

 

Галерија