Асистивна технологија обезбедена од Здружението „Отворете ги прозорците“

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, преку проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, реализиран со поддршка од Детската Фондација Песталоци, обезбеди асистивна технологија за потребите на нашето училиште со ресурсен центар.
Асистивна информатичка технологија, таблети и пенкала за скенирање текст, тастатури со зголемени тастери, Trackball глувче, вертикално глувче, џојстици и други помагала беа донирани во нашето училиште со ресурсен центар во насока на зајакнување на капацитетите на училиштето за испорака на ресурсни услуги за поддршка на инклузивното образование.
Покрај технологијата, за вработените во текот на оваа година беше спроведена и дводневна обука за процена на потребите од асистивна технологија, нејзино вклучување во наставата и примената на едукативен софтвер, како алатки за олеснување на учењето и зголемување на образовните можности за сите деца.
Голема благодарност до Здружението „ Отворете ги прозорците“!

Со почит,
Тимот на
ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова“
Велес

Галерија