ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИТЕ ТВОРБИ ОД XXV МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА

Почитувани,

Во текот на денешниот ден, во Нашето училиште се одржа "25-тата традиционална и за прв пат Меѓународна ликовна работилница" на тема:

"Нашето културно творештво"

Сите творби кои ни пристигнаа во изминатиот период и кои се изработија во текот на денешниот ден, веќе од утре ќе бидат изложени во фоајето на НУЦК ЈХК Џинот и со задоволство Ве покануваме да ја посетите изложбата и да уживате во изработките од училишта од Р.С. Македонија, Србија, Турција, Грција и Италија.