Одбележување на патрониот празник на Нашето училиште

По повод одбележувањето на патрониот празник на Нашето училиште, се одржуваа активности под мотото: „Даровите на природата - чувари на нашето здравје“. Во текот на работната недела, со учениците од предметна настава и ученички дом се реализираа едукативно рекреативни Еко игри без граници во атмосфера полна со позитивни детски емоции, насмевки и радости.
Со учениците од предметна и одделенска настава се одржа пригодна програма, со рецитирање на стихотворби и две ритмички точки.
Како редовни поддржувачи на работата на Ресурсниот центар и донатори, „ДООЕЛ Маркарт“ - Велес, оваа година за целите на реализирање на активности од проектот „Вело училиште“, донираше велосипеди, balance bike и трицикл наменети за учениците со попреченост.
Во текот на денешниот ден, директорката М-р. Мирјана Дамњановиќ, заедно со неколку ученици положија цвеќе на Спомен Костурница во Велес.

Честит Патронен празник училиште наше!

49 години постоење на ОУРЦ „Маца Овчарова“-Велес

Галерија