Игри, смеа, радост и многу дружење на пролетните спортски игри за ученици со попреченост

Во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) и ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова“ - Велес, на ден 30.03.2022г во Спортската сала „25ти Мај“ - Велес, се одржаа регионални спортски игри за источен регион за ученици со попреченост од основното и средното образование. Игрите се организираа во пет дисциплини: тробој (трчање на 50 метри, скок во далечина од место и фрлање ѓуле), полигон, пинг-понг, баскет, мал фудбал и штафетни игри.

На игрите учествуваа:
Основни училишта:  
1. ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова“ - Велес
2. ООУ „Ванчо Прќе“ - Штип (Посебни паралелки)

3.ПОУ„Св. Климент Охридски“ - Ново Село                                                                4.ООУ„Браќа Миладиновци“ – Пробиштип (Посебни паралелки)                            5.ООУ„Кирил и Методиј“ - Свети Николе (Посебни паралелки)                              6.ООУ„Кочо Рацин“ – Кратово (Комбинирани паралелки)                                        7.ООУ„Св. Климент Охридски“ – Делчево (Посебни паралелки)

Средни училишта:   
1. ДСУ „Искра“ - Штип                                                                    
2. ДСУ „Св. Наум Охридски“ - Скопје   
3.ДУЦОР„Партенија Зографски“ - Скопје


Учениците, среќни и исполнети со многу радост уживаа во игрите, се забавуваа и се дружеа.
Голема благодарност до нашите спонзори и поддржувачи на оваа манифестација „Кроација осигурување“, „Винер осигурување“, „Кожувчанка“, „Кватро трејд“ и Спортската сала „25ти Мај“ кои ни помогнаа истата да се одржи.

Галерија