Фолклорен фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“

На ден 22.09.2022 г, четврток, со почетокот во 19.00 ч. во просториите на Локалната бибилиотека „Гоце Делчев“ во Велес, во организација на наштето училиште, се оддржа Фолклорен фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“, во кој учество земаа ученици од ОУРЦ „Маца Овчарова“-Велес, КУД „ Стоби“- Градско, Средното училиште за деца со посебни образовни потреби „Искра“- Штип, КУД„ Ристо Донев- Учителот“ - Штип, Дневен центар за лица со посебни потреби Неготино, КУД„ Јане Сандански“ - Неготино, Посебна паралелка при ОУ„ Страшо Пинџур“ Кавадарци и Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ Кавадарци.
Настанот беше проследен од бројна публика, со насмеани и задоволни лица, а уште по среќни и задоволни беа самите учесниците.
Во знак на благодарност, на учесниците им беа доделени симболични сувенири со народен мотив, донирани од фондацијата „Ангел Петров“.

Галерија