Спроведена обука за 30 нововработени образовни асистенти

Во текот на изминатите денови, во организација на ОУРЦ „Маца Овчарова“-Велес, со поддршка од МОН, БРО и УНИЦЕФ, беше реализирана обука за образовни асистенти. Обуката беше спроведена за 30 нововработени асистенти, кои својата дејност ќе ја обавуваат во 31 училиште од општините во Повардарскиот регион. Обуката беше спроведена on-line, преку платформата zoom. На обуката, во позитивна атмосфера, преку интерактивна комуникација и работилници, идните образовни асистенти беа запознаени со основите на инклузивното образование, нивните работни задачи, начини и стратегии на учење и соработка, планирање на наставата, оценување итн.

Галерија