Меѓународната традиционална ликовна работилница

Во просториите на Оурц Маца Овчарова по повод одбележувањето на "3 Декември - Светскиот ден на лицата со попреченост" по 26ти пат се одржа "Меѓународната традиционална ликовна работилница" која оваа година ја организиравме во соработка со Националната установа - Спомен куќа на Тоше Проески од Крушево.
Темата на овогодинешната работилница беше "Со љубов за Тоше" со што се приклучивме кон одбележувањето на 15 годинишнината од последниот концерт на нашата музичка ѕвезда.
Во текот на работилницата беа изработени 41 експонат со што го одбележавме 41от роденден на Тоше Проески.
 
Наградени ученици:
I место: Атанас Ташкоски - Крушево
II место: Ана Куноска - ООУ "Блаже Конески"-Велес
II место: Хелена Ракич - "Стефан Дечански" - Београд, Р.Србија
III место: Филип Наумоски - ОУРЦ "Кочо Рацин" - Битола
III место: Семра Алилова - ОУ "Тодор Јанев" - општина Чашка
 
По повод одбележувањето на "3 Декември" училиштето и работилницата ги посетија и нашите долгогодишни пријатели од Општинската организација на Црвениот крст од Велес.
Голема благодарност сакаме да упатиме и за претставниците од Центарот за индивидуална обука/Команда за обука и доктрини кои по повод денешниот ден на нашите ученици им донираа едукативен нагледен материјал и маренди.

Галерија